The COVID-19 pandemic has killed hundreds of thousands of people and is crippling economies and livelihood all over the world, highlighting the vulnerabilities and major shortcomings of our current system. Many are urging world-leaders to heed this warning and to prepare for what lies in store for us as the climate crisis worsens. In the Balkans, the people are working on a plan calling for a green and just future.
The Coronavirus pandemic has confirmed what many have been saying for decades now; we live in a system that is based on inequality and values the market more than humanity. Here are some (but by no means all) of the lessons we’ve learnt so far:
The way our economies function is weak and crumbles the moment we stop spending money on things we don’t need.
The destruction of natural habitats creates ideal conditions for the spread of infectious diseases.
The most vulnerable and marginalised communities are the ones worst hit.
We have learnt something about what jobs are essential to society and how, very often, they are not paid or valued as much as they should be.
Air quality increased significantly and nature bounced back in the absence of human activity.
Despite this, carbon emissions will only drop by about 5.5% compared to 2019 which is nowhere near enough to have any real impact in the fight against climate breakdown. This highlights the chasm between individual emissions and those by big industry.
Renewable energy is much better equipped than dirty energy to see us through a crisis.
Human interaction and natural spaces are vital for our mental health.
As many countries around the world are still trying to get the virus under control and many that have are now struggling with a “second wave”, it is hard to grasp just how much of an effect this pandemic has had and will continue to have on our societies.
In the meantime, people are coming together to insist that governments and decision-makers develop recovery plans that are a lot more effective than the response to the 2008 financial crisis. Here, the culprits were bailed out with public funding putting the world back onto the same course of economic inequality leading to another inevitable downfall.
A recent study found that any reductions in emissions during the “lockdown” period will barely make a dent to the global warming effects of the climate crisis in the absence of longer-term action. The study also emphasised the importance and the opportunity a green recovery holds post-COVID 19. By not bailing out the fossil fuel industry and cutting global emissions to net-zero, we have a 55% chance of staying below 1.5℃ by 2050.
In Bosnia and Herzegovina (BiH), national recovery plan recommendations were already put forward by civil society.
“The pandemic has only made what was apparent to many, extremely obvious to all - our country is barely keeping it together. The response to the virus was indeed completely illustrative of the state that BiH is in - plagued by unprofessional and poorly made decisions of party-affiliated stakeholders which only exacerbated the situation, as well as corruption affairs.”
Igor Kalaba, Cfe, Energy and Climate Change Program
The civil society organisation, Center for Environment together with another 26 organisations under the Eko-BiH Network, presented the local government with a list of recommendations for a sustainable recovery and public policy reform as a way forward post-COVID 19 and well into the future.
Nataša Crnković, president of Center for Environment, insisted that the future of Bosnia and Herzegovina “must rely on an economy that will be more fair and less destructive for the planet and our communities”. The recommendations tackle multiple areas including transport, urban mobility and public spaces, energy transition with an emphasis on the just transition principles, the protection of the country’s biodiversity and food sovereignty.
The recommendations were presented on the 13th of July 2020 to stakeholders and decision-makers at various levels throughout the country including relevant ministries, agencies, the EU delegation, several embassies and international organisations. So far, the coalition has only received a handful of replies and have had one meeting with the country’s ministry of transport and communications but Mr Kalaba is hopeful that their message will be heard and acted upon; “we are definitely hoping that more recipients will understand the urgency of our letter and the importance of the crucial first step in any strategy, especially of such gravity as this one - open and meaningful public dialogue.”
A Green and Just Recovery for the Balkans
Over the past few weeks, activists and organisers around the region have come together to kickstart a collaborative exercise to design a post-COVID 19 Green Recovery plan which will lay the foundations for a Balkan Green Deal.
Young Friends of the Earth (YFoE) Macedonia and SEENET have just launched a call for movements, initiatives and organisations across the Balkans to “share specific policy recommendations informed by their lived experiences and voices of the communities they work in, with and represent” which will lead to the creation of a Green and Just Recovery Plan and Open Letter to be presented to policymakers in the region.
“The Balkans are very unstable in terms of legal frameworks and government regulations coupled with huge bureaucracy as well as corruption. This region has a reputation for having ‘too much legislation and too little implementation’ and desperately needs a bold recovery plan that will help our economies and societies rebuild” explains Sofija Getova from YFoE Macedonia.
Over the next few weeks, Balkan-based groups will be able to contribute towards this “living document” as well as take part in a Regional Balkan Forum. This online event will span three days providing a space “for informal learning and skill-sharing, ensuring knowledge and experience exchange as well as gather visions and concrete steps and actions to implement the vision of the Just recovery plan and exercise the creation of the Balkan Green Deal contours.”
The process will be based on the following five principles:
Putting people’s health and wellbeing first, no exceptions.
Provide economic relief directly to the people.
Prioritise the needs of workers and communities, not corporate executives.
Create resilience for future crises.
Build solidarity and community across borders.
Any movements, initiatives or organisations interested in submitting their input to the open letter are encouraged to do so via this link. They can register for the Regional Balkan Forum here (and check out the Facebook event here). The outcomes of the open letter and forum will be presented to government institutions and media platforms across the Balkan Peninsula, as well as to relevant EU institutions.
Широка Балканска Коалиција дизајнира зелена и праведна пост-корона иднина
Пандемијата ковид-19 уби стотици илјади луѓе и продолжува да ги осакатува економиите на поголемиот број на држави низ целиот свет, истакнувајќи ги слабостите и големите недостатоци на нашиот сегашен социо-економски систем. Многумина ги повикуваат глобалните лидери да го земат во предвид ова предупредување и да се подготват за она што следува со влошувањето на климатската криза. На Балканот, граѓански иницијативи започнуваат да работат на план кој повикува колективно дејствување за зелена и праведна иднина.
Ковид-19 пандемијата го потврди она што многумина го велат со децении; живееме во систем кој се заснова на нееднаквост и го цени економскиот пазар повеќе од здравјето на човештвото и природата. Еве неколку (но во никој случај единствени) ‘лекции’ што ги научивме досега:
Начинот на кој функционираат нашите економии е на ‘стаклени’ нозе и се распаѓа во момент кога ќе престанеме да купуваме и конзумираме работи што не ни се неопходни.
Уништувањето на природата и природните живеалишта создава идеални услови за ширење на заразни болести.
Најранливите и маргинализираните заедници повторно се најтешко погодени.
Научивме нешто за тоа кои работни места се од суштинско значење за одржување на општеството и како, многу често, тие не се платени ниту вреднувани онолку колку што треба.
Квалитетот на воздухот значително се зголемува и природата се ‘одмора’ во отсуство на човечка активност.
И покрај ова, емисиите на јаглерод се намалија само за околу 5,5% во однос на 2019-та година, што не е нималку близу потребното ниво за да има реално влијание во борбата против климатската криза. Ова уште повеќе ја истакнува огромната разлика помеѓу потребата за намалување на индивидуалните емисии и емисиите од големите индустрии.
Обновливата енергија е многу посигурна од фосилната енергија во време на криза.
Човечката интеракција и зелените простори се неопходни за нашето ментално здравје.
Бидејќи многу земји ширум светот сè уште се обидуваат да го стават ширењето на вирусот под контрола и многумина веќе се борат со „втор бран“, тешко е да се анализираат и предвидат негативните ефекти од пандемијата на нашите општества, до сега и понатаму.
Во меѓувреме, луѓето се здружуваат и инсистираат владите и носителите на одлуки да развијат планови за заздравување од кризата кои се многу поефикасни од одговорот на финансиската криза во 2008-ма година. Тогаш виновниците за кризата беа ‘спасени’ со јавни пари, ставајќи го светот назад во истата насока на економска нееднаквост, што доведе до уште еден неизбежен пад.
Неодамнешна студија откри дека секое намалување на емисиите за време на рестрикциите во периодот на полициски час, речиси и нема да влијае на ефектите од глобалното затоплување и климатската криза, во отсуство на акција и стратегија за долгорочно дејствување. Студијата исто така ја истакнува важноста и можноста за зелено и праведно пост-ковид-19 закрепнување. Не осврнувајќи се на спасување на фосилната индустрија, а со намалување на глобалните емисии на нула, имаме 55% шанса да останеме под 1.5℃ затоплување до 2050 година.
Во Босна и Херцеговина (БиХ), препораките и националниот план за праведно заздравување веќе беа изнесени од граѓанското општество.
„Пандемијата само го направи она што беше очигледно за многумина, крајно очигледно за сите - нашата земја едвај преживува. Реакцијата кон вирусот ја рефлектира состојбата во која е БиХ - преплавена со непрофесионални и слаби решенија на партиски засегнати страни и корупциските афери кои само ја влошуваат ситуацијата.“
Игор Калаба, Cfe, Програма за енергија и климатски промени
Граѓанската организација Центар за животна средина заедно со уште 26 организации во рамките на мрежата „Еко-БиХ“, на националните власти им претставија список со препораки за одржливо закрепнување и реформа на јавната политика, како начин за постигнување праведна и зелена пост-ковид-19 иднина.
Наташа Црнковиќ, претседателката на Центарот за животна средина, инсистираше на тоа дека иднината на Босна и Херцеговина „мора да се потпира на економија што ќе биде поправедна и помалку деструктивна за планетата и за нашите заедници“. Препораките опфаќаат повеќе области, вклучително транспорт, урбана мобилност и јавни простори, енергетска транзиција со акцент на принципите за праведна транзиција, заштита на биолошката разновидност на земјата и суверенитет на храната.
Препораките беа презентирани на 13-ти јули 2020 година до засегнатите страни и носителите на одлуки на различни нивоа низ целата земја, вклучувајќи релевантни министерства, агенции, делегацијата на ЕУ, неколку амбасади и меѓународни организации. Досега, коалицијата има добиено само неколку одговори и остварила една средба со Министерството за транспорт и врски во земјата, но г-дин Калаба се надева дека нивната порака ќе се слушне и ќе биде земена во предвид; „Дефинитивно се надеваме дека повеќе луѓе и носачи на одлуки ќе ја разберат итноста на нашето писмо и важноста на првиот чекор во која било стратегија, особено со таква значајност како оваа - за отворен и значаен јавен дијалог“.
Зелено и праведно закрепнување за Балканот
Во текот на изминатите неколку недели, активисти и организатори од целиот регион се собраа и започнаа соработка за дизајнирање на План за Зелено и Праведно пост-ковид-19 Закрепнување, кој ќе ги постави темелите на Балканскиот Зелен Договор.
Young Friends of the Earth Macedonia и SEENET штотуку објавија повик за движења, иницијативи и организации низ целиот Балкан да „споделат специфични препораки за политики, информирани од нивните искуства и гласови на заедниците во и со кои работат и ги претставуваат“ што ќе доведе до создавање на заеднички План за Зелено и Праведно Закрепнување и Отворено писмо што ќе им биде претставено на креаторите на политиките во регионот.
„Балканот е многу нестабилен во однос на правните рамки и владините регулативи во многу сфери, и тоа е комбинирано со огромна бирократија и корупција. Овој регион има репутација за „премногу законодавство и премалку спроведување“ и очајно му треба храбар план за заздравување што ќе и помогне на нашата економија и општество да се обнови на праведен и одржлив начин“, објаснува Софија Гетова од YFoE Македонија.
Во текот на следните неколку недели, балканските групи ќе можат да придонесат кон овој „жив документ“, како и да учествуваат во Балканскиот Регионален Форум. Оваа онлајн настан ќе трае три дена во текот на три последователни недели и ќе обезбеди простор „за неформално учење и размена на вештини, размена на знаење и искуства, како и вежби за собирање на визии и идеи за превземање на конкретни чекори и активности за спроведување на принципите за Планот за Закрепнување, како и вежби за создавање на контурите на Балканскиот Зелен Договор.“
Процесот ќе се заснова на следниве пет принципи:
Поставување на здравјето и благосостојбата на луѓето на прво место, без исклучоци.
Обезбедување на економска помош директно на луѓето.
Давање приоритет на потребите на работниците и заедниците, а не на компаниите и извршните директори.
Создавање отпорност за идни кризи.
Градење солидарност и заедништво преку граници.
Сите движења, иницијативи или организации заинтересирани да го додадат својот придонес до отвореното писмо, се охрабруваат да го сторат тоа преку оставање коментари на овој линк и приклучување кон коалицијата при Балканскиот Регионален Форум. Тие можат да се регистрираат за учество на форумот овде(и да го проверат настанот на Фејсбук овде). Резултатите од отвореното писмо и форумот ќе бидат презентирани пред владините институции и медиумски платформи низ целиот Балкански полуостров, како и до релевантните институции на ЕУ.
Kommentare