top of page
Writer's pictureThe Climate Herald

Achieving “Real Zero” Carbon Emissions


Photo: Nick Perez

This is the final part of a three-part article on the latest report by Friends of the Earth International; Chasing Carbon Unicorns: The Deception of Carbon Markets and “Net Zero” Read part 1 here.


The market-based approaches many corporations and governments are pushing for to tackle the climate crisis through Carbon Offsetting and “Net Zero” are highly problematic and not scientifically sound. Some of the “nature based solutions” they propose will ultimately put nature in high demand in order to even attempt to keep up with greenhouse gas emissions. Rather than restoring and conserving ecosystems, many of these projects include large afforestation projects which displace ecosystems and communities to make way for what are essentially “green deserts”.


The report by Friends of the Earth Internation emphasises the need for “real zero” emissions through

  • Reducing emissions to as close to zero as possible and

  • Using ecological approaches to remove residual emissions


Nine demands for real zero are presented:


  1. Governments need to phase-out fossil fuel as soon as possible. This must be done in a way that keeps equity at its core and in a global, coordinated manner.

  2. We need to move towards a climate-just world through the transformation of our energy systems based on the principles of energy sufficiency for all, energy sovereignty, energy democracy, energy as a common good, 100% renewable energy for all, and community-owned, low-impact renewable energy.

  3. Community Forest Management (CFM) is needed to tackle the climate and biodiversity crises. This can only be achieved thanks to the knowledge of indigenous peoples, peasants and local communities whose rights must be granted and implemented.

  4. Support is needed for peasant agroecology and small farmers who are still responsible for feeding 70% of the global population.

  5. A new economic system is needed that is centred around people and planet. It must be one that values care and community and must re-organise domestic and care work, traditionally undertaken by women. This new system must share such responsibility between men, women as well as the state. This is vital in building our resilience against health and environmental crises.

  6. Political systems need to be rebuilt with economic, social and gender justice at heart. Public services must be used to guarantee access to water, health, energy, education, communication, transport and food. This can only be done through fair, transparent and redistributive tax systems.

  7. Transnational corporations that are currently too powerful must be regularised with much stricter rules and regulations. The victims of their crimes must have access to justice, compensation and the restoration of their livelihoods.

  8. Governments must build a just recovery and transition based on environment, social, gender, racial, economic and people-centred justice.

  9. Finally, the report calls for a “climate-just world that is free from patriarchy and all systems of oppression, domination and inequality”.


 

Постигнување на „реална нула“ емисија на јаглерод


Слика: Nick Perez

Ова е последниот дел од три-делниот напис базиран на последниот извештај на Friends of the Earth International: Бркање на јаглеродни еднорози: Измамите на јаглеродните пазари и концептот „нето нула“. Прочитајте ги првиот и вториот дел.


Многу корпорации и влади се залагаат за справување со климатската криза преку „неутрализирање на јаглеродните емисии“ и „нето нула“ концептот, пазарни пристапи кои се многу проблематични и не се научно издржани. Некои од предложените „решенија базирани на природата“ што ги предлагаат најголемите емитери на стакленички гасови, ја ставаат природата ‘во голема побарувачка’. Наместо да ги обновуваат и зачувуваат постоечките екосистеми, многу од овие проекти вклучуваат масовно пошумување кое предизвикува раселување на многу локални и домородни заедници, како и уништување на постоечки екосистеми, за да се отвори место за „зелените пустини“ на големите емитери.


Извештајот на Friends of the Earth International ја нагласува потребата за емисии на „вистинска нула“ преку:

  • Намалување на емисиите што е можно поблиску до нула и

  • Користење на еколошки пристапи за отстранување на преостанатите емисии


Претставени се девет барања за вистинска нула:

  1. Владите треба да ги укинат фосилните горива што е можно поскоро. Ова мора да се направи на начин кој се фокусира на рамноправност и праведност во основата на овој процес и тоа да се направи на глобален, координиран начин

  2. Треба да се движиме кон климатски праведен свет преку трансформација на нашите енергетски системи засновани врз принципите на енергетски пристап и доволност за сите, енергетски суверенитет, енергетска демократија, енергија како општо добро, 100% обновлива енергија за сите и во сопственост на заедницата и обновлива енергија со ниско влијание на климата

  3. Потребно е заедничко управување со шумите (Community Forest Management - CFM) за справување со климатската и биодиверзитетната криза. Ова може да се постигне само благодарение на знаењето на домородните народи, селаните и локалните заедници чии права мора да бидат доделени и почитувани

  4. Потребна е поддршка за агроеколошки проекти на селаните и малите земјоделци кои сè уште се одговорни за исхрана на 70% од глобалното население

  5. Потребен е нов економски систем кој е центриран околу луѓето и планетата. Тој мора да се фокусира на грижа и заедница и мора да ги реобмисли домашната работа и грижата за најмалите и највозрасните, улоги традиционално преземени од жените. Овој нов систем мора да ја споделува одговорноста за ова помеѓу мажите, жените и државата. Ова е од витално значење во градењето на нашата отпорност кон здравствените и еколошките кризи

  6. Политичките системи треба да бидат обновени на начин на кој ќе ја носат економската, социјалната и родовата праведност во срцето. Јавните услуги мора да се користат за да се гарантира пристап до вода, здравје, енергија, образование, комуникација, транспорт и храна. Ова може да се направи само преку фер, транспарентни и редистрибутивни даночни системи

  7. Транснационалните корпорации во моментов се премногу моќни и затоа мора да се регулираат со многу построги правила и регулативи. Жртвите на нивните злосторства мора да имаат пристап до правда, надомест на штетите нанесени од овие корпорации и враќање на нивните средства за живот

  8. Владите мора да изградат праведно закрепнување и транзиција заснована врз здравјето и благосостојбата на луѓето и животната средина, како и врз социјална, родова, расна и економска правда

  9. Конечно, извештајот повикува на „климатски праведен свет, ослободен од патријархат и сите системи на угнетување, доминација и нееднаквост“.

댓글


bottom of page