The world has a long and complex history with coal. Coal was formed millions of years ago as trees and other vegetation died in swamps along the edges of rivers. The dead material was eventually pushed down into the earth where, through pressure and heat, it slowly turned into coal. A “deep, rich vein of coal runs through human history”, it was at the heart of the industrial revolution and enabled great technological advancement. It was also the subject of much controversy and debate from as early as 1306 where some members of the English parliament were calling to ban it completely after having found that it is responsible for extremely high levels of air pollution. Had this motion passed, we could be living in a very different world today.
40% of the world’s energy still comes from coal and it is a key ingredient in the production of iron and steel. It is the dirtiest and most carbon-intensive fossil fuel, responsible for 46% of global CO2 emissions. The way the world will decide to deal with coal in the next few years will have a significant effect on the outcome of the climate crisis. Scientists have said that 80% of all the coal reserves need to remain in the ground in order to avoid a global temperature increase of more than 2℃ which will be catastrophic. There is now a scientific consensus that the world cannot afford to go above 1.5℃. Many advocates, researchers and frontline communities are calling for a complete moratorium on the building of any fossil fuel extraction or transportation infrastructure.
The Western Balkans’ coal addiction
The Western Balkan countries are still heavily reliant on coal, particularly lignite. Lignite is a type of brown coal that is heavily polluting and has a low energy content. In 2016, 16 of the coal power plants around the Western Balkans emitted as much sulphur dioxide as all of the 250 power plants in the European Union.
North Macedonia is no exception. In 2018, almost half of the country’s energy came from coal and the country is still heavily dependent on fossil fuels. There are two thermal powerplants which run on lignite; REK Oslomej in Kicevo and REK Bitola. North Macedonia extracts some of its own coal from two mines; Suvodol and Brod-Gneotino. It is estimated that there are enough coal reserves in these mines to last another 15 years. There have also been discussions about the possibility of opening a new coal mine in Zivojno (also outside of Bitola) which could give the country another 10 years of coal. Many argue that opening this mine would actually drive up the cost of the coal since it will include underground operations which have never been done in the country before and will require transportation of the coal over difficult terrain. That being said, coal’s future in North Macedonia is looking very uncertain.
A future without coal
The world is slowly waking up to the dangers of coal and discussions and policies are being put in place to phase out this dirty habit. The Western Balkan countries, along with Ukraine and Moldova have signed the Energy Community Treaty which states that all new coal operations in these countries must be in line with EU environmental standards and State Aid. This means that they can no longer be subsidised by governments (which has been the case so far) and will likely raise the price of coal. A conservative estimate of the cost of all the planned coal plants in the area is set at €3.8 billion. Furthermore, many Western Balkan countries are looking into EU accession. As member states, they would fall under the Emissions Trading Scheme which essentially means that polluters will need to start paying for their emissions. This too will drive up the price of coal, making the projects economically unviable, and will eventually lead to a loss of jobs and closing down of the plants.
For an example of this, we can look at the Sostanj lignite plant in Slovenia. It was originally estimated to cost €602 million, create 3,500 jobs and generate profit for the country. In the end, the project has turned out to be a disaster having cost Slovenia around €1.4 billion to build and has created only 450 jobs which are being halved over the years. Contrary to the original projections of profit, Sostanj is reporting annual losses of around €50 million and rising which, as always, is being covered by the taxpayer. All of this has been shrouded in claims of corruption and ongoing police investigations.
The Strategy for Energy Development of the Republic of North Macedonia until 2040 was commissioned by the North Macedonian government and was adopted at the beginning of this year. The strategy highlights 3 possible scenarios for the country’s future in energy; the business-as-usual scenario where everything remains as is, a moderate transition, and a so-called green transition which is effectively a move to strongly decarbonise the country. It is up to the government to decide which scenario to implement later in the year. Both the moderate and the green scenarios will see North Macedonia phase out coal by 2025 making the country the first in the Balkans to set a concrete plan and has already attracted a lot of positive attention from the global media. The strategy states that the green scenario is actually cheaper to implement than the business-as-usual model which is also very encouraging. The REK Oslomej powerplant will be discontinued in all three scenarios while REK Bitola will meet the same fate under the moderate and green scenarios. Whoever wins the upcoming election will have a big decision to make for the future of the country and the uphill struggle against the climate crisis but one thing is clear; if we are going to stand a chance of overcoming the climate crisis and everything it brings with it we are going to need a future without coal.
Sources
Може ли Северна Македонија да биде првата успешна приказна на Западен Балкан без јаглен?
Светот има долга и сложена историја со јагленот. Јагленот се формирал пред милиони години кога остатоците од дрвјата, растенијата и другите видови на вегетација се акумулирале во мочуриштата долж рабовите на реките. Со текот на времето, мртвиот материјал се нашол под слоевите на земјата каде преку притисок и топлина се претворил во јаглен. „Длабоката, богата вена од јаглен поминува низ човековата историја“ во срцето на индустриската револуција и овозможи голем технолошки напредок. Исто така, јагленот е предмет на многу полемики и дебати уште од 1306-та година, кога некои членови на британскиот парламент повикале на негова целосна забрана, откако било откриено дека јагленот е одговорен за екстремно високи нивоа на загадување во воздухот. Доколку таа иницијатива успеала, денес ќе живеевме во поинаков свет.
40% од енергијата на глобално ниво сè уште доаѓа од јаглен и е клучна состојка во производството на железо и челик. Тоа е најнечистото и најинтензивното јаглеродно интензивно фосилно гориво, одговорно за 46% од глобалните емисии на CO2. Начинот на кој светот ќе одлучи да се справи со јагленот во следните неколку години ќе има големо влијание врз климатската криза. Научниците велат дека 80% од сите резерви на јаглен треба да останат во земјата за да се избегне опасното глобално покачување на температурата за повеќе од 2℃ кое ќе биде катастрофално за големи делови на планетата, а со тоа и за голем број на заедници и популации. Денес постои научен консензус дека светот не може да си дозволи да ја премине границата на затоплување од 1,5℃. Многу истражувачи, движења и засегнати заедници повикуваат на целосен мораториум за изградба на било каква инфраструктура за екстракција, преработка и транспорт на фосилни горива.
Зависноста на Западен Балкан од јаглен
Земјите од Западен Балкан се сè уште многу зависни од јаглен, особено од лигнит. Лигнитот е еден вид кафеав јаглен од кој се добива малку енергија, а кој загадува многу. Во 2016-та година, 16-те електрани на јаглен во земјите од Западен Балкан испуштаа исто толку сулфурен диоксид колку сите останати 250 електрани во Европската Унија заедно.
Северна Македонија не е исклучок. Во 2018-та година, скоро половина од енергијата во државата дојде од јаглен што укажува на сè уште големата зависност на земјата од фосилните горива. Постојат две термоцентрали кои работат на лигнит: РЕК Осломеј во Кичево и РЕК Битола. Северна Македонија екстрахира дел од својот јаглен од два рудника: Суводол и Брод-Гнеотино. Се проценува дека има доволно резерви на јаглен во овие рудници да траат уште 15 години. Веќе неколку години се разговара и за можноста за отворање на нов рудник за јаглен во Живојно (исто така и надвор од Битола) што би можело да и даде на земјата јаглен за уште некои 10 години. Многумина тврдат дека отворањето на овој рудник всушност би ги зголемило трошоците за јаглен бидејќи истиот тој рудник би вклучувал подземни операции што досега се немаат извршувано во земјата. Исто така, при отварањето на овој рудник би бил потребен транспорт на јаглен при непогоден терен кој дополнително би ги зголемил трошоците. Па така, иднината на јагленот во Северна Македонија изгледа многу неизвесна.
Иднина без јаглен
Светот полека се освестува за опасностите од јагленот и се водат дискусии и политики за да се искорени оваа „валкана” навика. Земјите од Западниот Балкан, заедно со Украина и Молдавија го потпишаа Договорот на Енергетска заедница во кој се вели дека сите нови операции на јаглен во овие земји мора да бидат во согласност со еколошките стандарди на ЕУ. Ова значи дека проектите за јаглен повеќе не смеат да бидат субвенционирани од владите (што беше случај досега) и тоа ќе ја зголеми цената на јагленот. Конзервативна проценка на трошоците за сите планирани постројки за јаглен во регионот е 3,8 милијарди евра. Покрај тоа, многу земји од Западниот Балкан се стремат кон пристапување во ЕУ. Како земји-членки, тие би требало да се приклучат на механизмот за трговија со емисии што во суштина значи дека загадувачите ќе треба да започнат да плаќаат за своите емисии. Ова исто така ќе ја зголеми цената на јагленот, со што проектите ќе бидат економски непогодни и на крај ќе доведат до губење на работни места и затворање на постројките.
Како пример можеме да ја земеме фабриката за лигнит „Состањ“ во Словенија. Првично се проценуваше дека ќе чини 602 милиони евра, дека ќе создаде 3.500 нови работни места и дека ќе генерира профит за земјата. Проектот се покажа како огромна економска катастрофа што ја чинеше Словенија околу 1,4 милијарди евра за изградба и создаде само 450 работни места кои се преполовија со текот на годините. Наспроти оригиналните проекции за профит, Состањ известува годишни загуби од околу 50 милиони евра кои постојано се зголемуваат, и кои како и секогаш, ги покрива даночниот обврзник. Сето ова е обвиткано во сомнежи за корупција и тековни полициски истраги.
Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година беше нарачана од владата и беше усвоена на почетокот на оваа година. Во Стратегијата означени се 3 можни сценарија за иднината на земјата во енергетиката: „бизнис како и обично” сценарио каде ништо не се менува, „умерена транзиција”, и таканаречена „зелена транзиција” која планира декарбонизација на земјата. Останува на владата да реши подоцна во текот на годината според кое сценарио ќе се движи земјата. И според „умереното” и според „зеленото” сценарио Северна Македонија би требало да го исфрли јагленот од употреба до 2025-та година, со што земјата би била прва земја на Балканот која поставува конкретен план за ова, што веќе привлече многу позитивно внимание од меѓународната јавност. Во Стратегијата се наведува дека „зеленото сценарио” е всушност економски поисплатливо за спроведување од сценариото „бизнис како и вообичаено”, што е исто така многу охрабрувачки. Електричната централа РЕК Осломеј ќе биде прекината во сите три сценарија, додека РЕК Битола ќе ја снајде истата судбина според „умереното” и според „зеленото сценарио”. Владата која ќе се формира на претстојните избори ќе има голема одлука за иднината на земјата и за тешката борба против климатската криза, но едно е јасно: за да имаме шанса за надминување на климатската криза и сите последици кои таа ги носи со себе, потребна ни е иднина без јаглен.
Извори
Comments