When launching the European Green Deal last year, Ursula von der Leyen, the President of the European Commission hailed the European Green Deal as Europe’s “new growth strategy – it is a strategy for growth that gives more back than it takes away.” However, while many of the Green New Deal proposals we have seen are some of the most radical and bold roadmaps we currently have towards building a better and more climate-resilient future, many are designed in a way that will inevitably harm and exploit areas and communities in other parts of the world. A new scientific paper explores how many of our “green transition” discussions could lead to the creation of Green Sacrifice Zones.
The Green New Deal concepts emerged as a way to tackle the climate crisis and the social and economic injustices that continue to spread through our communities. Different government bodies and political parties around the world have proposed or launched their own Green New Deal packages, most prominently the European Union but also Bernie Sanders’ 2020 campaign and the Australian Green Party. Furthermore, many social movements and civil society organisations are also working on people-led, grassroot packages or proposals such as the Macedonian Green Deal or DiEM25’s Green New Deal for Europe.
Many of these proposals are focused around the idea of a just transition away from societies run on fossils fuels (like coal, oil and gas) and towards more socially just ones which guarantee decent work, inclusion and the eradication of poverty along with tackling environmental crises like climate change and mass extinction. As we shift away from fossil fuels, the just transition argument is vital as it ensures that workers in these industries will not become victims of the changes through unemployment and not being able to transfer their skills and expertise towards other industries.
The potential injustices of the transition
The problem is that many Green New Deal proposals have come under heavy criticism, particularly those published by government bodies which tend to place emphasis on concepts such as Green Growth which put emphasis on continued economic growth by simply shifting from fossil fuels to renewable energy sources and so-called green solutions.
In a new paper published on One Earth, Christos Zografos and Paul Robbins examine how many Green New Deal or just transition proposals run the risk of creating what is known as Green or Climate Colonialism. This is how richer and more powerful nations continue to exploit poorer and more vulnerable ones (often due to a past of colonialisation) through ecological destruction and the displacement (often through violence) of communities in order to extract or produce materials needed to sustain their economies. This could be through deforestation for timber or large developments, mining projects or large monocultures displacing smaller-scale farming communities.
Green Sacrifice Zones
This exploitation could intensify as the demand for materials like cobalt and lithium increase in order to keep up with the new demands for renewable energy projects. Areas and communities which have the resources needed to extract, refine, transport, install, produce or dispose of such materials are referred to as Green Sacrifice Zones.
Some US versions of the Green New Deal emphasise the shift of petrol and diesel-run vehicles to 100% electric by 2030. This would increase the demand for materials such as cobalt, which are used in producing batteries for electric vehicles, significantly. 50% of all the world’s cobalt reserves are in the Democratic Republic of the Congo which is already listed in the top 10 most polluted areas in the world due to mining operations. Cobalt extraction in the DRC has also created dangerous working conditions for workers which also includes child labour.
The coloniality component behind Green Sacrifice Zones also refers to a way of thinking or justification by richer nations and the companies responsible for such operations. The green transition arguments which promote green growth and, inevitably, the creation of these Green Sacrifice Zones, essentially argue that the only way out of the climate crisis is through economic growth through the technological advances of renewable energy and green solutions, totally ignoring the destruction and violence happening in “unseen” parts of the world that will be caused by this.
This mentality is reminiscent of that of colonisers such as the Spanish or British Empires oppressing and invading foreign nations in the name of religion or civilisation. Here the white and European ways of life and beliefs were deemed superior to those of other nations. For the Green New Deal, we see the prioritisation of economic growth in rich nations at the expense of the social and environmental wellbeing of vulnerable, indigenous communities and poorer nations. We see this is black and white in the opening lines of the European Green Deal website:
“Europe needs a new growth strategy that transforms the Union into a modern, resource-efficient and competitive economy…”
How do we get the Green New Deal right?
So how can we approach the Green New Deal and transition proposals in a way that literally benefits everyone? In their paper, Zografos and Robbins highlight the importance of well-researched proposals based around four domains:
Land Policy - what land-use policies need to be in place to avoid creating Green Sacrifice Zones, ensuring a fair distribution of costs and avoid colonialisation through displacement and dispossession of indigenous communities?
Economics - How do we create an economically feasible Green New Deal and a just transition without creating such sacrifice zones, displacement and violence? We need to build institutions that facilitate green economies that avoid this and that properly distribute wealth across all stakeholders and communities.
Politics - A just transition needs to include the creation of governance that ensures decision-making and consultation at all levels of society. Social movements and affected communities need to be involved in various decision-making stages, especially when it comes to material extraction, transportation, waste treatment and project implementation. This can be done via public participation governance models such as the Macedonian platform for collective visioning, Zelen Glas.
Alternatives - When designing the transition, we cannot ignore the knowledge and experience of frontline or indigenous communities which could play a big role in tackling issues such as the climate crisis and global inequalities.
A transition towards new, fairer economies and communities is a must. However, if we fail to see the global picture of how such transitions could take place we run the risk of repeating the same mistakes we’ve been doing for centuries.
Зелени жртвени зони и жртвите на зелениот раст
При објавувањето на Европскиот Зелен договор минатата година, Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, го претстави истиот како „нова стратегија за раст на Европа - „стратегија за раст што дава повеќе отколку што одзема“. Сепак, иако многу од предлозите на Зелениот нов договор што ги гледаме се едни од најрадикалните и најсмелите патокази што ги имаме во моментов кон градење подобра и поотпорна иднина во однос на справување со климатската криза, многу од нив се дизајнирани на начин што неизбежно ќе им наштети и ќе експлоатира области и заедници во други делови на светот. Нов научен труд истражува колку од постоечките планови за „зелена транзиција“ би можеле да доведат до создавање на Зелени жртвени зони.
Концептот на „Зелен нов договор“ се појави како рамка за планирање на начините за справување со климатската криза и социјалните и економските неправди што продолжуваат да се шират низ нашите заедници. Различни владини тела и политички партии ширум светот предложија или започнаа свои пакети на Зелен договор, од кои најистакнати се на Европската унија, но и на кампањата на Берни Сандерс за 2020 година, како и предлогот на Австралиската партија на зелените. Понатаму, многу социјални движења и граѓански организации работат и на пакети или основни предлози предводени од граѓаните, како што се Македонскиот зелен договор или Зелениот нов договор на DiEM25 за Европа.
Многу од овие предлози се фокусирани на идејата за праведна транзиција далеку од општества што функционираат на фосилни горива (јаглен, нафта и гас) и се општествено поправедни; што гарантираат пристојна работа, вклучувајќи и искоренување на сиромаштијата заедно со справување со еколошката и климатската криза и масовното истребување на видови. Како што се оддалечуваме од фосилните горива, аргументот за праведна транзиција добива витално значење бидејќи гарантира дека работниците во овие индустрии нема да станат жртви на промените преку невработеноста и неспособноста да ги пренесат своите вештини и експертиза кон други индустрии.
Потенцијалните неправди на транзицијата
Проблемот е во тоа што многу предлози за Зелен нов договор се подложени на сериозни критики, особено оние објавени од владини тела кои имаат тенденција да ставаат акцент на концепти како што е „зелениот раст,“ што значи континуиран економски раст единствено со преминување од фосилни горива кон обновливи извори на енергија и таканаречени „зелени решенија,“ без справување со нееднаквостите кои ги носи бесконечниот раст.
Во новиот труд објавен во One Earth (Една Земја), Христос Зографос и Пол Робинс испитуваат колку предлози на Зелен договор или праведна транзиција ризикуваат да создадат околности за „зелен“ или „климатски колонијализам.“ Ова е начинот на кој побогатите и помоќни нации продолжуваат да го експлоатираат осиромаштеното и ранливо население (често поради колонијалното минато), преку еколошко уништување и раселување (често преку насилство) на заедници, со цел да се екстрахираат или произведат материјали потребни за одржување на нивните „богати“ економии. Ова може да биде преку уништување на шумите за дрвена граѓа или преку големи „развојни проекти“, рударски подвизи или големи монокултури кои раселуваат заедници на мали земјоделци.
Зелени жртвени зони
Експлоатацијата може да се интензивира со зголемувањето на побарувачката за материјали како кобалт и литиум, со цел да се следат новите барања за проекти за обновлива енергија. Областите и заедниците кои имаат ресурси потребни за екстрахирање, рафинирање, транспорт, инсталација, производство или отстранување на такви материјали, се нарекуваат Зелени жртвени зони.
Некои американски верзии на Зелениот нов договор ја нагласуваат смената на бензинските и дизел-возилата со 100% електрични возила до 2030 година. Ова значително ќе ја зголеми побарувачката за материјали како што е кобалтот, кој се кориси при производство на батерии за електрични возила. 50% од сите светски резерви на кобалт се наоѓаат во Демократска Република Конго, која е веќе наведена во првите 10 најзагадени области во светот поради рударските операции кои се одвиваат таму. Екстракцијата на кобалт во ДРК создава и опасни услови за работа за работниците, вклучувајќи и екплоатација на деца и детски труд.
Колонијалната компонента која се крие зад зелените жртвени зони, исто така, се однесува и на начинот на размислување или оправдување од страна на побогатите нации и компаниите одговорни за ваквите операции. Аргументите на зелената транзиција кои промовираат зелен раст и, неизбежно, создавање на зелени жртвени зони, во суштина тврдат дека единствениот начин за излез од климатската криза е преку економски раст со технолошки напредок на обновлива енергија и зелените решенија, комплетно игнорирајќи ги уништувањето и насилството што ќе бидат предизвикани од ова во „невидливите“ делови на светот.
Овој став потсетува на оној на колонизаторите, како што се шпанската и британската империја, кои угнетуваат и напаѓаат други народи во име на религијата или цивилизацијата. Тука, „европскиот начин“ на живот на белата раса и верувањата, се сметаат за супериорни во однос на оние на другите народи. Кај Европскиот Зелен договор, гледаме дека приоритет е даден на економскиот раст на богатите нации за сметка на социјалното и еколошкото добро на ранливите, домородните и локалните заедници, како и осиромаштените нации. Ова го има црно-на-бело на почетните линии на веб-страницата на Европскиот Зелен договор:
„На Европа и треба нова стратегија за раст што ја трансформира Унијата во модерна, ресурсно-ефикасна и конкурентна економија…“
Како да му пристапиме правилно на Зелениот договор?
После се’ ова, како можеме да им пристапиме на предлозите за Зелен договор и праведна транзиција на начин што вистински ќе биде во интерес на сите? Во својот труд, Зографос и Робинс ја истакнуваат важноста на добро истражените предлози кои се базираат на четири аспекти:
Политики за користење на земјиште - Треба да се воспостават научно издржани и општествено праведни политики за користење на земјиште за да се избегне создавање на зелени жртвени зони, обезбедувајќи правична распределба на трошоците и избегнувајќи колонијализација преку раселување и одземање на ресурсите на домородните заедници.
Економија - Како да создадеме економски изводлив Зелен договор и праведна транзиција без да создадеме зелени жртвени зони, раселување и насилство? Треба да изградиме институции кои промовираат праведна зелена економија што го избегнува ова и што правилно го дистрибуира богатството до сите засегнати страни и заедници.
Политика - Праведната транзиција треба да вклучува создавање на модели на управување што обезбедуваат донесување одлуки и консултации на сите нивоа на општеството. Социјалните движења и засегнатите заедници треба да бидат вклучени во различни фази на донесувањето на одлуки, особено кога станува збор за екстракција на материјали, транспорт, третман на отпад и имплементација на проекти. Ова може да се направи преку модели за управување со директно учеството на јавноста, како што е македонската платформа за колективно визионирање, Зелен Глас.
Алтернативи - При дизајнирање на транзицијата, не можеме да го игнорираме знаењето и искуството на локалните и домородните заедници кои играат голема улога во справувањето со климатската криза и глобалните нееднаквости.
Транзицијата кон нови, поправедни економии и заедници е неизбежна. Меѓутоа, ако не успееме да ја видиме глобалната слика за тоа како може да се случат такви транзиции, ризикуваме да ги повториме истите грешки што ги правиме со векови.
Comentários