This is the 2nd part of a three-part article on the latest report by Friends of the Earth International; Chasing Carbon Unicorns: The Deception of Carbon Markets and “Net Zero” Read part 1 here.
A popular “solution” to the climate crisis that is regularly put forward is the idea of carbon markets - the buying, selling and trading of carbon emissions between emitters with the idea to stay within a pre-set, amount of emissions thus limiting greenhouse gases in the atmosphere. Like any other “market-based solution” carbon markets have proven to be beneficial only to big businesses at the expense of the people and the planet.
In a carbon market, value is placed on either avoided greenhouse gas emissions such as if a company manages to emit less than their “quota”, switching to renewable energy sources or decommissioning a power plant. Alternatively, it could be through carbon removal such as ecosystem restoration or planting trees.
When talking about carbon markets, you either refer to cap-and-trade or offsetting schemes. It is also important to understand the difference between compliance and voluntary markets. Compliance markets are regulated by law whereas voluntary markets are emission reductions that are done voluntarily.
Cap-and-trade measures are usually found in compliance market rules where companies need to keep their emissions below a limit or “cap”. If they stay below the cap, they can sell their remaining emissions to another entity that hasn’t managed to for example.
All voluntary markets and some compliance ones include the buying and selling of offsets. With offsets, we go back to the concept of “Net Zero” where one entity can keep on emitting as long as another company reduces their emissions or they can invest in carbon capture solutions like afforestation projects. Technically speaking, the emissions should equal the amount of carbon avoided or captured (offset) in this case. With offsets, the overall emissions are not reduced but are supposedly brought to zero.
In these market-based situations, many big polluters will look for the best (cheapest) solutions to trade or offset their emissions while allowing them to continue to emit themselves and keep making a profit rather than ceasing to burn fossil fuels. This not only comes at a high cost to the climate crisis but also to the ecosystems and communities in the vicinity of these operations.
Adapted by Friends of the Earth from the Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). “The graphic uses a bathtub to distinguish the active carbon in what they term the “natural carbon cycle” from fossil carbon in its one-way (non) cycle. It also accurately shows that there is no reliable “engineered and natural ‘negative emissions’ drain.”
The bathtub graphic also shows how carbon offsetting is not a solution to the dangerously high levels of carbon emissions “filling the tub”. But companies and governments keep turning to carbon offsetting as their main strategy for achieving “Net Zero”. This is especially true for false “nature based solutions”.
Large fossil fuel multinationals like Shell are pushing the Nature Based Solutions narrative by “investing” in programmes like forest offsets for every litre of petrol it sells. Its conservation projects are there to help the company achieve “Net Zero” which essentially means it can continue to burn fossil fuels into the atmosphere.
The problem is that, as more and more companies are seeking out natrue-based offsets we are going to need more areas of land and forests to suck out being emitted. This puts more indigenous communities and farmers at risk.
Scientists at Oxford recently attempted to quantify the amount of land needed for the sort of nature-based climate solutions being put forward by companies and governments aiming to achieve “Net Zero”. They calculated that, in order to remove 2 gigatonnes of CO2 using natural solutions, we would need roughly 678 million hectares of land which equated to around twice the land area of India.
In the third and final article, we discuss the requirements needed to achieve Real Zero emissions.
Разбивање на митот за пазарите на јаглерод
Ова е втор дел од три-делниот напис базиран на последниот извештај на Friends of the Earth International: Бркање на јаглеродни еднорози: Измамите на јаглеродните пазари и концептот „нето нула“. Прочитајте го првиот дел овде.
Популарно „решение“ за климатската криза што редовно се појавува е идејата за пазари на јаглерод - купување, продажба и трговија на емисии на јаглерод меѓу емитери, со идеја да се остане во однапред поставената количина на емисии со што се ограничуваат стаклените гасови во атмосферата. Како и секое друго „пазарно решение“, пазарите на јаглерод се покажуваат корисни само за големите бизниси и корпорации, а на штета на луѓето и планетата.
На пазарот на јаглерод, вредноста се става на избегнатите емисии на стакленички гасови, како на пример, ако компанијата успее да испушти помалку од нивната „квота“, префрлајќи се на обновливи извори на енергија или деактивирајќи на централа за производство на (фосилна) енергија. Алтернативно, тоа може да биде преку отстранување на јаглерод, како што е обновување на екосистем или преку садење на дрвја.
Кога се зборува за пазари на јаглерод, се мисли на шеми за ограничување и трговија со јаглерод (cap-and-trade) или за неутрализирање (offsetting). Исто така е важно да се разбере разликата помеѓу ‘усогласеност’ и ‘доброволни пазари’. Пазарите за усогласеност се регулираат со закон, додека доброволните пазари значат намалувања на емисиите што се прави доброволно.
Мерките за ограничување и трговија обично се наоѓаат во правилата на пазарот за усогласеност, каде што компаниите треба да ги задржат своите емисии под ограничувањето (или границата) на емисии. Ако останат под границата, можат да ги продадат своите преостанати емисии на друг субјект што не успеал да ги задржи своите емисии во предвидениот лимит.
Сите доброволни пазари и некои од пазарите за усогласеност вклучуваат купување и продажба на ‘неутрализирање’ на јаглеродот. Со неутрализирање, се враќаме на „нето нула“ концептот каде еден субјект може да продолжи да емитува сè додека друга компанија ги намалува своите емисии или пак сè додека емитерот инвестира во решенија за зафаќање јаглерод како што се на пример, проектите за пошумување. Технички гледано, емисиите треба да бидат еднакви на количината на избегнати емисии на јаглерод или пак зафатени (неутрализирани) во овој случај. Со неутрализирање, вкупните емисии не се намалуваат, но наводно се „сведени на нула“.
Во овие пазарни ситуации, многу големи загадувачи ги бараат најдобрите (читај: најевтините) решенија за трговија со јаглеродни емисии или пак ги неутрализираат своите емисии додека продолжуваат да испуштаат стакленички гасови во атмосферата. Со ова ја влошуваат климатската криза, ги загрозуваат екосистемите и заедниците во близина на овие операции, но продолжуваат со остварување профит наместо да престанат да согоруваат фосилни горива.
Адаптирано од Friends of the Earth International од Меѓувладиниот панел за климатски промени - Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). „Графикот користи када за да го разликува активниот јаглерод во, како што го нарекуваат, „природен јаглероден циклус“ од фосилниот јаглерод во неговиот еднонасочен (не) циклус. Исто така, точно покажува дека не постои сигурен „инженерски и природен одвод на „негативни емисии.“
Графичката када, исто така, покажува како неутрализирањето на јаглеродот не е решение за опасно високите нивоа на емисии на јаглерод што ја „исполнуваат кадата“. Но, компаниите и владите постојано се свртуваат кон неутрализирање на јаглеродот како нивна главна стратегија за постигнување на „нето нула“. Ова е особено точно за лажните „решенија базирани на природата“ - nature-based solutions.
Големи мултинационални компании за фосилни горива како Шел го промовираат наративот за решенија засновани на природата „инвестирајќи“ во програми како што се на пример: неутрализирање на јаглеродот преку шумите за секој литар бензин што го продаваат. Нивните проекти за зачувување тука се за да и помогнат на компанијата да постигне „нето нула“ што во суштина значи дека може да продолжи да согорува фосилни горива во атмосферата.
Проблемот е во тоа што со се’ повеќе компании кои бараат неутрализирање на нивните емисии со „решенија базирани на природата“, ќе ни требаат повеќе области на земјиште и шуми за да бидат понори на емисиите. Ова најповеќе ги става под ризик домородните и локалните заедници, земјоделците и нивните живеалишта.
Научници од Оксфорд неодамна се обидоа да ја измерат количината на земјиште што е потребно за овој вид на климатски ‘решенија базирани на природата’ што ги предлагаат корпорациите и владите со цел да се постигне „нето нула“. Тие пресметаа дека за да се отстранат 2 гигатони СО2 со употреба на природни понори, ќе ни требаат приближно 678 милиони хектари земја што е големина на земјиште кое е речиси двапати поголемо од површината на Индија.
Во третиот и последен напис од оваа три-делна серија, ги разгледуваме барањата потребни за да се постигне „вистинска нула“.
Комментарии