As we look to the future and start to design and imagine a more just and sustainable way of life we often think about how we’re going to power our homes, our vehicles and our industries. As the technologies around renewable energy advance and become more economically viable these imagined futures start to become reality. Unfortunately, as our reliance on clean energy grows, so does our demand for more photovoltaic panels, wind turbines, batteries and other technologies which often require environmentally sensitive materials and which, in the longer term, produce a whole new type of waste issue. Renewable energy technology has a big role to play in our future but we need to ensure that we clear any hurdles now while we’re still in the early phases.
To produce and utilise clean energy we rely on things like solar panels, wind turbines, generators and batteries. Building these technologies means we need various types of materials. Some of these materials are easily accessible and in abundance such as silicon for PV panels. Many, however, are not as abundant and require extraction. These materials include cobalt and lithium for batteries, neodymium, and copper which, while might not be scarce, is used in pretty much everything from generators to batteries, and in both wind and solar energy generation.
The use of these materials; the impacts of extracting them and disposing of them is possibly the largest challenge the renewables industry faces.
Waste Products
Like any other device or piece of technology, solar panels and wind turbines have a life span. So do the other technologies used in renewable energy generation such as generators and, as we are all painfully aware, batteries. The life span of a solar panel or wind turbine is between 20 to 25 years and, since these are relatively new technologies, this means that we are facing a growing number of them which have reached the end of their cycle. Sending these technologies off to landfills can be problematic as some could contain harmful chemicals which can seep into the earth and into groundwater.
Naturally, a better alternative to disposal would be recycling. Just like the renewable energy sector itself, the recycling industry for renewables technology is quite young. This means that it is not economically viable at the moment and its efficiency could be vastly improved. That being said, this will likely change as the industry grows, technology improves and, most importantly, if policymakers introduce legislation around collection, recovery and recycling of renewable energy technology. We are already seeing initiatives like this in the EU which obliges any producers of PV panels supplying the EU market to also finance the cost of collection and recycling. Further research is being done to improve the efficiency and life span of such technologies.
What’s more, recycling the materials used in these products once they are no longer functional and re-utilising them for new solar panels, wind turbines, generators and so on is vital in tackling the issues associated with sourcing these precious metals and materials in the first place.
Sourcing the Materials for Renewable Energy
In order to obtain the cobalt, lithium, copper or any of the other materials used to construct the technologies needed to produce clean energy, we require other industries to extract these precious metals. The extraction of these materials generally involves mining which can be highly problematic for various reasons. Mining for these materials can have devastating impacts on the environment and the communities living on the frontlines with those mines. It is responsible for depleting water sources, destroying habitats and ecosystems, negatively affecting agriculture, contaminating air, water and soil, creating economic dependence and having negative human health impacts. Furthermore, the communities who live with the effects of mining are very often forced to do so since they are rarely ever consulted beforehand and cannot claim any form of ownership or rights to the materials being extracted from their own land.
Three Recommendations for the Renewable Energy Sector
It is hard to deny the potential and importance of the renewable energy sector. It can liberate us from dirty and finite energy sources such as coal and gas, it can create jobs (including for people currently working in the dirty industries) and will help us overcome the climate crisis. It is important, however, to be aware of the challenges associated with the renewable energy sector and tackle them instantly:
1. Recycling Renewable Energy Technology as a Part of Legislation
Policymakers must put the right systems and legislation in place to ensure that the materials from old solar panels, wind turbines and other renewable energy technologies are properly and responsibly recycled and reused. More research must also be done to improve the longevity of such technology.
2. Responsible Sourcing of Materials
As much as possible, new renewables products must be made from materials that have been sourced from recycling or urban mining which involves the repurposing of metal from sources such as old buildings, industries and products. When mining is required it must be done so responsibly; with appropriate environmental and social impact assessment, through consultation with frontline communities and in ways which avoid the negative impacts mentioned earlier.
3. Understanding that Renewable Energy Alone is not Enough
Ultimately, the way we live cannot be sustained if we want to overcome the crises we face today. By simply switching to clean energy we will not tackle the fundamental flaws in our current socio-economic system which is based on the unequal distribution of wealth, energy and resources and attributes success to growth and GDP. If we attempt this we are bound to fall into the same traps further down the line. The future we design must be one which respects the limits of the environment we live in, focuses on social justice and the general wellbeing of the planet, the people and the communities we form part of.
Sources:
If Solar Panels Are So Clean, Why Do They Produce So Much Toxic Waste? (Forbes)
An overview of solar photovoltaic panels’ end-of-life material recycling (2020) Chowdhury et al
Where will the Materials for our Clean Energy Future Come From? (The Verge)
Responsible minerals sourcing for renewable energy (Report by the Institute of Sustainable Futures)
Три Препораки за обезбедување на одржлива технологија за обновливи извори на енергија
Додека гледаме кон иднината и почнуваме да замислуваме и креираме поправеден и одржлив начин на живот, честопати размислуваме за тоа како ќе ги напојуваме со енергија нашите домови, нашите возила и како ќе ги одржуваме нашите индустрии. Бидејќи технологиите околу обновливата енергија напредуваат и стануваат економски се’ поодржливи, замислената иднина започнува да станува реалност. За жал, како што расте нашата потреба за чиста енергија, така расте и побарувачката за повеќе фотоволтаични панели, ветерници, батерии и други технологии за кои честопати се потребни материјали кои се еколошко чувствителни и кои на подолг рок произведуваат сосема нов вид на отпад. Технологијата на обновливата енергија има голема улога во нашата иднина, но треба да бидеме сигурни дека ќе ги надминеме сите пречки сега, додека индустријата за обновливи извори е сè уште во релативно рана фаза.
Производството и искористувањето на чиста енергија воглавно се обезбедува со соларни панели, ветерници, генератори и батерии. Градењето на овие технологии подразбира потреба од разни видови на материјали, некои од кои се лесно достапни и ги има во изобилство, како што е на пример силиконот за ПВ-панели. Меѓутоа, голем дел од тие материјали не се толку лесно достапни и за да се дојде до нив е потребен процес на екстрахирање. Овие материјали вклучуваат кобалт и литиум што се користат при конструкција на батерии, но и неодимиум и бакар кои иако можеби не се ретки, имаат многукратна примена и се користат при конструкција на генератори и батерии, како и во производството на ветерна и соларна енергија.
Употребата на овие материјали, влијанијата од нивно екстрахирање и отпадот кој понатаму (ќе) го предизвикуваат се веројатно најголемите предизвици со кој се соочува индустријата за обновливи извори на енергија.
Управување со отпадот
Како и секој друг уред, и сончевите панели и ветерниците имаат свој животен век. Таков е случајот и со другите технологии што се користат при производство на обновлива енергија како што се генераторите и батериите. Животниот век на сончевите панели и/или ветерниците е помеѓу 20 и 25 години, и бидејќи овие се релативно нови технологии, тоа значи дека сега почнуваме да се соочуваме со поголем број од нив кои го достигнуваат крајот на нивниот животен циклус. Испраќањето на овие технологии на депониите може да биде проблематично бидејќи постои веројатност тие да содржат штетни хемикалии кои би навлегле во земјата и во подземните води.
Секако, најдобра алтернатива за управување со отпадот е рециклирањето. Исто како и самиот сектор на обновлива енергија, индустријата за рециклирање на технологијата за обновливи извори е доста млада. Ова значи дека во моментот не е доволно економски одржлива и нејзината ефикасност може да биде значително подобрена. За сето ова има простор за подобрување со самиот развој на индустријата, со подобрување на технологиите, но веројатно најважни се креираните политики и воведувањето законодавство за собирање, управување и рециклирање на отпадот од технологијата за обновлива енергија. Во ЕУ веќе гледаме вакви иницијативи кои ги обврзуваат сите производители на ПВ-панели кои го снабдуваат ЕУ пазарот, да ги финансираат и трошоците за собирање и рециклирање. Се спроведуваат и понатамошни истражувања за да се подобри ефикасноста и животниот век на таквите технологии.
Меѓу другото, рециклирањето на материјалите што се користат во овие производи откако тие веќе не се функционални и нивното повторно искористување за нови соларни панели, ветерници, генератори и сл. е од суштинско значење и заради решавањето на проблемите поврзани со добивањето на овие ретки и тешко достапни метали и материјали.
Извори на материјали за обновлива енергија
За да се добие кобалт, литиум, бакар или кој било друг материјал и/или минерал што се користи во процесот за производство на чиста енергија, потребни се и други индустрии со кои ќе се и екстрахираат овие ретки метали. Екстракцијата, односно извлекувањето на овие материјали од земјата генерално вклучува развој на рударство што може да биде многу проблематично од различни причини. Рударството како можност за обезбедување на овие материјали има катастрофални влијанија врз животната средина и заедниците што живеат близу таквите рудници. Рударската индустрија низ светот е одговорна за осиромашување на изворите на вода, уништување на живеалишта и екосистеми, има негативно влијание врз земјоделството, загадувањето на воздухот, водата и почвата, создава економска зависност на просторите каде започнува и негативно влијае врз здравјето на луѓето. Покрај тоа, засегнатите заедници кои живеат со ефектите и влијанијата од рударството многу често се принудени на ваквиот живот, затоа што ретко кога се правилно консултирани однапред (пред започнувањето на градбата на рударските комплекси) и немаат можност да бараат никаков облик на сопственост или права над материјалите кои се екстрахирани од нивната земја.
Три препораки за секторот за обновливи извори на енергија
Тешко е да се негираат потенцијалот и важноста на секторот за обновлива енергија. Може да нè ослободи од валкани извори на енергија, како што се јаглен и гас, може да создаде работни места (вклучително и за луѓе кои во моментов работат во валканата индустријата за фосилни горива) и ќе ни помогне да ја надминеме климатската криза. Сепак, важно е да се биде свесен за предизвиците поврзани со секторот за обновлива енергија и веднаш плански да се справуваме со истите:
1. Рециклирање на технологијата за обновлива енергија како дел од законодавството
Креаторите на политики мора да воспостават соодветните системи и законодавство за да обезбедат материјалите од старите соларни панели, ветерниците и другите технологии за обновлива енергија правилно и одговорно да се рециклираат и повторно да се користат. Исто така, потребни се повеќе истражувања за да се подобри долговечноста на таквата технологија.
2. Одговорно и одржливо добивање на материјали
Колку што е можно, потребните производи за обновливи извори мора да бидат направени од материјали што се добиени од рециклирање или урбано рударство, што подразбира повторно користење на металите од извори како што се стари згради, индустрии и производи чии животен век е веќе поминат. Кога е неопходно рударство, тоа мора да биде имплементирано одговорно: со соодветна проценка на влијанието врз животната средина како и негативните социјални и економски влијанија, преку најрана консултација со засегнатите заедници и на начини на кои ќе се избегнат негативните влијанија кои се споменати претходно.
3. Увидување дека обновливата енергија сама по себе не е доволна
На крајот на краиштата, начинот на кој сега живееме не може да продолжи ако сакаме да ги надминеме кризите со кои се соочуваме денес. Едноставно префрлајќи се на чиста енергија, нема да се справиме со основните недостатоци во сегашниот социо-економски систем кој се заснова на нееднаква дистрибуција на богатството, енергијата и ресурсите и му припишува успех на растот и зголемениот БДП. Доколку не го промениме моменталниот социо-економски поредок, ние сме во опасност да западнеме во истите стапици понатаму. Иднината што ја дизајнираме мора да биде кон такво општество кое ги почитува границите на планетата во која живееме и се фокусира на социјалната правда и општата благосостојба на планетата, луѓето и заедниците од кои сме дел сите ние.
Извори:
If Solar Panels Are So Clean, Why Do They Produce So Much Toxic Waste? (Forbes)
An overview of solar photovoltaic panels’ end-of-life material recycling (2020) Chowdhury et al
Where will the Materials for our Clean Energy Future Come From? (The Verge)
Responsible minerals sourcing for renewable energy (Report by the Institute of Sustainable Futures)
Comments