top of page
Writer's pictureThe Climate Herald

What a Few Extra Degrees Could Mean for North Macedonia


Photo: Vladyslav Dukhin

When we talk about limiting the effects of the climate crisis we talk about how many degrees warmer we can afford to go. We are told that we cannot allow the planet to warm by more than 1.5℃ and that 2℃ would be catastrophic. Can half a degree make that much of a difference? What’s in store for North Macedonia at 1.5℃, 2.5℃ or even 5℃ warmer?


Why 1.5℃?


So we need to limit global warming to 1.5℃ but what’s the baseline? 1.5℃ warmer than when? In scientific journals, policy papers and civil society manifestos, 1.5℃ increase means 1.5℃ warmer than pre-industrial levels referring to the Industrial Revolution which started in the 1700s in the United Kingdom. This is when human activities (i.e. the burning of fossil fuels like coal) started to warm the earth’s climate.


In the timeframe between 1850 and 1900, we have caused approximately 1 degree of global warming and will likely reach 1.5 sometime between 2030 and 2052 at the current rate that we’re burning fossil fuels. One of the main outcomes of the 2015 Paris Agreement was that governments agreed to keep global warming “well below” 2℃ increase from the pre-industrial levels and, ideally, to aim for 1.5℃.


What difference does half a degree make?


Make no mistake, 1.5℃ warmer is very bad news. Even our current situation of 1℃ is affecting us in a large number of ways from our seasonal patterns, our food security, the spread of disease and extreme weather events to name a few. It is already ravaging vulnerable and indigenous communities all over the world from extreme weather events and flooding in Kenya to entire islands in the Pacific rendered increasingly uninhabitable due to sea-level rise.


1.5℃ warmer means:

  • Extreme temperatures

  • Increase of frequency, intensity and amount of heavy rainfall

  • Increased and more intense droughts

  • Extreme hot days and extreme cold nights

  • More tropical cyclones

  • More floods

  • Sea-level rise

  • Species loss and extinction

  • Invasive species

  • More forest fires

  • Ocean temperatures rising leading to loss of biodiversity, coral reefs and fishing effort

  • Devasted agricultural practices and food security

  • Increase in poverty and vulnerability of already vulnerable populations

  • More heat-related deaths

  • More ozone-related deaths

  • Increase of vector-borne and infectious diseases and increased spreading

  • … and so much more

In 2018, the Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC) published a report outlining what the world will look like at 1.5℃ and how much worse things get at 2℃. Half a degree less warming could mean:

  • Less and slower sea-level rise giving low-lying and small islands states more of a chance for adaptation

  • As much as half the amount of insects, plants and vertebrates going extinct than at 2℃

  • Significantly less ice melting in the tundra and boreal forests

  • 70-90% coral reef loss at 1.5℃ as opposed to practically 100% loss at 2℃

  • A decline of 1.5 million tonnes of fishing capacity at 1.5℃ as opposed to double that at 2℃.

  • Several hundred million fewer people exposed to climate change and increased poverty by 2050

  • 50% fewer people exposed to a severe lack of water resources around the world


These shocking statistics and many more essentially say one thing; half a degree cooler generally amounts to half of the damage.


North Macedonia: 3 Different Futures


North Macedonia faces its own, very serious, challenges that come with climate breakdown (check out our first article). As the things heat up, Macedonians will deal with more drought and forest fires, heatwaves, less local freshwater supply and availability (required in households throughout most of the country), flash floods, more heat-related deaths, less food security, decreased air quality, and possibly even the introduction of vector-borne diseases like malaria.


In April 2020, a series of reports were presented in Skopje which showed the different futures in store for North Macedonia based on three scenarios of varying levels of greenhouse gas concentration (as outlined by the IPCC) which, for ease of reference, we will refer to as low, mid and high.


The low scenario (or RCP2.6) means that, through human intervention, greenhouse gas emissions start to decline this year (2020) and go down to zero by 2100. For North Macedonia, this would mean warming of 1℃ by 2050 and 1.5℃ by 2100.


The mid, or intermediate, scenario (or RCP4.5) means that greenhouse gas emissions start to decline in 2045 and, by 2100, they will reach approximately half of the emissions present in 2050. For North Macedonia, this would mean warming of 2℃ by 2050 and 2.5℃ by 2100.


The high scenario (or RCP8.5) essentially means that we continue as usual with greenhouse gas emissions continuing to rise throughout the 21st century. This will lead to a warming of 2.5℃ by 2050 and 5℃ by 2100 in North Macedonia.


By the end of the century, North Macedonia is facing an overall hotter and drier climate. We will see longer, hotter and drier summers, a decrease in snow and frost, more heatwaves, flash floods, and droughts. We can also see significantly different levels of severity between the low, mid and high scenarios. Some of these changes will be felt more severely depending on which part of the country you’re in. In other countries, the differences between these scenarios are even more ominous than those in North Macedonia.


After looking at these figures it becomes a lot clearer that the time for action is long overdue. The difference between 1.5℃, 2℃, 2.5℃ or even 5℃ are very significant and keeping warming at 1.5℃ could save lives, jobs, ecosystems, and overall planetary wellbeing.


Sources


 

Што би значеле неколку екстра степени Целзиусови за Северна Македонија?


Слика: Владислав Дукхин

Кога зборуваме за ограничување на ефектите од климатската криза, зборуваме за тоа колку повеќе Целзиусови степени затоплување можеме да си дозволиме, односно да издржиме. Науката кажува дека не можеме да дозволиме планетата да се загрее повеќе од 1.5℃ и дека 2℃ би биле катастрофални. Може ли половина степен да направи толку голема разлика? Како ќе изгледа Северна Македонија при затоплување од 1.5℃, 2.5℃ односно 5℃?


Зошто 1.5℃?


Во обидите за справување со климатската криза, глобалното затоплување треба да го ограничиме на 1.5℃, но прашањето е; 1.5℃ затоплување во однос на кое ниво, 1.5℃ потопло од кога? Во научни списанија, извештаи за политики и манифести на граѓански движења, затоплувањето од 1.5 степен Целзиусов значи затоплување од 1.5℃ во споредба со пред-индустриското ниво на температура што се однесува на пред индустриската револуција започната во 1700-тите во Велика Британија. Ова е моментот кога човечките активности (горење на фосилни горива - јаглен, гас и сл.) започнаа да ја загреваат планетата.


Во периодот помеѓу 1850 и 1900 година ние предизвикавме приближно 1 степен глобално затоплување и најверојатно ќе достигнеме 1.5 во периодот помеѓу 2030 и 2052 година со сегашната стапка на употреба на фосилните горива. Еден од главните заклучоци на Парискиот договор во 2015 год.беше дека владите се согласија да го задржат глобалното затоплување „далеку под 2℃ зголемување од пред-индустриското ниво“ и идеално, да се стремат кон ограничување на глобалното затоплување на 1.5℃.


Каква разлика прави половина степен?


Без сомнеж, глобалното затоплување од 1.5℃ е многу лоша вест. Дури и нашата сегашна состојба од 1 степен влијае на нас на различен начин во нашите сезонски обрасци на битисување, при безбедно производство на храна, спречување на ширење на болести и екстремни временски непогоди кои се одговорни за разорување на ранливите и домородните заедници низ целиот свет. Екстремните временски непогоди предизвикаа поплави во Кенија, како и инундација на цели острови во Пацификот, со оглед на тоа што зголемувањето на нивото на морето прави се’ повеќе места на планетата да бидат непогодни за одржување на човечки (и животински) заедници.


Зголемување на глобалното затоплување до 1.5℃ значи:

  • Екстремни температури

  • Зголемување на фреквенцијата, интензитетот и количината на обилни врнежи од дожд

  • Зачестени и поинтензивни суши

  • Екстремни топли денови и екстремни студени ноќи

  • Повеќе тропски циклони

  • Повеќе поплави

  • Подигнување на нивото на морето

  • Губење и истребување на видовите

  • Инвазивни видови

  • Повеќе шумски пожари

  • Зголемување на температурите во океаните што доведува до губење на биолошката разновидност, корални гребени и тешкотии при риболов

  • Опустошени земјоделски практики со што се доведува во прашање безбедноста на одгелување на храна

  • Зголемување на сиромаштијата и ранливоста на веќе ранливите популации

  • Повеќе смртни случаи поврзани со топлина

  • Повеќе смртни случаи поврзани со озононското уништување

  • Зголемување на бројот на заразни заболувања и нивно ширење

  • … и многу повеќе


Во 2018 година Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) објави извештај во кој е опишано како ќе изгледа светот ако глобалното затоплување достигне 1.5℃ потопло од пред-индустриско ниво на температурите и колку ќе биде полошо ако е потопло за цели 2℃. Половина степен помалку затоплување може да значи:

  • Помалку и побавен пораст на нивото на морето, давајќи повеќе време за адаптација на ниско-лежечките и малите острови

  • Опстанување на половина од количината на инсекти, растенија и 'рбетници што би исчезнале при затоплување од 2℃

  • Значително помалку топење на мразот во тундрата и крајбрежните шуми

  • 70-90% загуба на корален гребен на 1.5℃ наспроти практично 100% загуба на истиот при затоплување од 2 ℃

  • Пад на риболовниот капацитет од 1.5 милиони тони при 1.5℃ наспроти двојно поголем пад при затоплување од 2℃.

  • Неколку стотици милиони луѓе помалку изложени на климатските промени и зголемена сиромаштија до 2050 година

  • 50% помалку луѓе изложени на сериозен недостаток на водни ресурси ширум светот


Овие шокантни статистики суштински значат една работа; задржување на глобалното затоплување за половина степен помалку генерално значи половина од штетата ќе биде помалку нанесена на животните системи.


Северна Македонија: 3 различни иднини


Македонија се соочува со многу сериозни предизвици што се последица на промена на климата (погледнете ја нашата прва статија). Како што планетата се вжештува, Македонците ќе мораат да се справуваат со повеќе суши и шумски пожари, топлотни бранови, помала достапност и локално снабдување со слатки води (задолжително во домаќинствата низ целата земја), поплави, повеќе смртни случаи поврзани со затоплувањето, помала безбедност на храна, намален квалитет на воздух, па дури и појава на претходно непостоечи на овие простори инфекции и заболувања.


Во април 2020 година во Скопје беше презентирана онлајн серија извештаи во кои беа прикажани различни можни решенија за Северна Македонија, врз основа на три сценарија со различно ниво на концентрација на стакленички гасови (како што е наведено во ИПЦЦ). За полесно разбирање ќе ги именуваме како ниско, средно и високо сценарио.


Ниското сценарио (или RCP2.6) значи дека емисијата на стакленички гасови ќе започне да опаѓа оваа година (2020) и да се спушти на нула до 2100 година. За Македонија ова би значело затоплување од 1℃ до 2050 година и 1.5 ℃ до 2100 година.


Средното сценарио (или RCP4.5) значи дека емисиите на стакленички гасови почнуваат да се намалуваат во 2045 година и до 2100 година ќе достигнат приближно половина од емисиите присутни во 2050 година. За Македонија ова би значело затоплување од 2℃ до 2050 година и 2.5℃ до 2100 година.


Високото сценарио (или RCP8.5) во суштина значи дека продолжуваме како и до сега, со тоа што емисиите на стакленички гасови продолжуваат да растат во текот на 21 век. Ова ќе доведе до затоплување од 2.5℃ до 2050 година и 5℃ до 2100 година во Македонија.


До крајот на векот Македонија ќе се соочува со се’ потопла и посува клима. Ќе имаме подолги, потопли и посуви лета, намалување на врнежите на снег и појавата на мраз, зачестени и интензивни топлотни бранови, поплави и суши. Можеме да видиме и значително различни нивоа на сериозност на ситуацијата помеѓу ниското, средното и високото сценарио. Некои од овие промени ќе бидат почувствувани поизразено, во зависност од тоа во кој дел од земјата се наоѓате. Во други земји, разликите помеѓу овие сценарија се дури и поинтензивни од оние во Македонија.


Откако ќе ги разгледате овие бројки, станува јасно дека времето за акција е одамна поминато. Разликата помеѓу затоплување од 1.5℃, 2℃, 2.5℃ и 5℃ е премногу значајна и одржувањето на затоплување на 1.5℃ ќе спаси животи, работни места, екосистеми и целокупната благосостојба на планетата и системите кои поддржуваат живот овде.


Извори



Comentarios


bottom of page