Scientific evidence showing how the climate crisis is the result of human activity and the burning of fossil fuels is plentiful and widely discussed. On the other hand, the uncomfortable discussions around who is largely responsible for this crisis remain few and far between. A recent report sheds light on such debate through the discussion of “carbon inequality” and how it must be central to post-COVID-19 recovery plans.
“As Oxfam's new report shows, our current economic model has been an enabler of catastrophic climate change and equally catastrophic inequality. The COVID-19 pandemic provides an incontestable imperative to rebuild better and place the global economy on a more sustainable, resilient and fairer footing. Addressing the disproportionate carbon emissions from the wealthiest in society must be a key priority as part of this collective commitment."
Ban Ki-moon, Deputy Chair of The Elders, former Secretary-General of the United Nations
A new report by Oxfam and the Stockholm Environment Institute (SEI) has highlighted the injustices surrounding the climate crisis in terms of carbon inequality. Between 1990 and 2015, yearly emissions increased by 60% and cumulative emissions (the accumulation of emissions added to the atmosphere over time) doubled. The research shows how the richest individuals on the planet were largely responsible for this and how the poorest are the ones suffering most of the consequences. It also discusses the links between climate change, economic growth, poverty and overall inequality.
Carbon inequality… the numbers
Oxfam and SEI set out to find who is largely responsible for the climate crisis by attributing carbon emissions to different income groups around the world based on what goods and services they consume. They made their estimations based on the 1990-2015 period. To understand these figures, it’s important to define the two following terms:
Cumulative Carbon Emissions - the accumulation of emissions added to the atmosphere over time.
Global Carbon Budget - the maximum amount of cumulative emissions that can be added if we want to keep global warming below 1.5C by 2100. After this point, emissions must be brought down to zero.
The world’s richest 10% (about 630 million) were responsible for 52% of the cumulative carbon emissions. This means they ate up almost a third of the carbon budget in that time frame.
The world’s poorest people (50% of the population. Approximately 3.1 billion people) only contributed to 7% of cumulative emissions and used up just 4% of the carbon budget.
If we look at the richest 1% (63 million people) we see that they were responsible for 15% of cumulative emissions and 9% of the carbon budget. This means that 1% of the population is more than twice as responsible for the climate crisis than half the global population or the world’s poorest.
The richest 5% (315 million people) caused 37% growth in emissions.
The richest 1% had three times the amount of emissions growth than the poorest 50%.
These numbers not only show a disparity in wealth distribution but also of the inequalities and responsibility surrounding carbon emissions and the climate crisis. At this rate, the global carbon budget to remain below 1.5C will be used up by 2030. The level of inequality is so stark that even if everyone in the world except the richest 10% reduced their emissions to 0, the expiration of the carbon budget will only be used up a few years later than 2030.
Carbon inequality not only means that the richest are most responsible for carbon emissions but also that the poorer and most marginalised populations are the ones who suffer most of the consequences. Despite being the least responsible for climate breakdown, they are already feeling the impacts of the climate crisis today (widespread drought, sea-level rise, reduced food security and extreme weather events to name a few). We also need to consider the injustices of how future generations will inherit a depleted carbon budget and a planet ravaged by climate breakdown.
Economic growth and poverty
Interestingly enough, albeit unsurprising, the global Gross Domestic Product (GDP) also doubled during the 1990 - 2015 period. Despite this supposed increase in global wealth, there was very little progress towards reducing the number of people living in extreme poverty (those who earn approx €1.60/day). If anything, we saw an increase in income inequality across the world. So while GDP doubled in 25 years, almost half the world’s population earned less than €5 a day.
Tackling carbon inequality
Tackling the climate crisis means drastically reducing our carbon emissions. But we also need to understand that one country’s or one population’s activities are significantly more problematic than others. This information also raises big questions about the difference between individual actions to reduce carbon footprint and systemic changes to the way our economies function. We will write more about this in a future article.
If the richest 10% reduced their carbon footprint to levels consistent with the 1.5C aim by 2030, the annual global emissions will be reduced by more than a third. If their carbon footprint was just reduced to the EU average of about 8.2 tonnes per year, annual emissions would be reduced by over a quarter globally.
To understand this further, let’s have a look at emissions from transport. A recent study found that the 10% richest households globally are responsible for 45% of the energy linked to land transport and 75% linked to aviation. For the poorest 50%, this adds up to just 10% for land transport and 5% for aviation.
Recommendations for a just recovery post-COVID-19
As the world braces itself for inevitable hardship due to the COVID-19 pandemic, there have been several discussions on how we should use this opportunity to re-think and re-build our economic models and plan for a green and just recovery. Based on their findings, Oxfam and SEI put forward a set of recommendations which aim to put “the twin crises of climate and inequality at the heart of the recovery efforts from the COVID-19 pandemic.” The recommendations envisage a future with fairer economies that operate within the boundaries of the planet making us more resilient to shocks such as the ones we’re currently facing. To achieve this, governments must consider:
1. Taxation on wealth and luxury. Including high emitting vehicles (SUVs, private jets, superyachts etc) frequent flyers, business class trips etc. Such taxation can, in turn, fund appropriate, universal social services.
2. Public investment in :
Work: Decent jobs, increased work-life balance and work reduction.
Transportation infrastructure. Such as electric mobility, public transport, cycling etc. But also enhancing digital communications to ease the pressure of intensive transportation.
Health and social care which is particularly important to women, low-income and marginalised groups.
3. Private-sector accountability. Such as banning advertising in public spaces, more circular business models, emphasis on the right to repair goods, tackle corporate “short-terminsm” and enhance accountability for long-term social and environmental impacts.
4. Science & equity-based policies surrounding carbon emission reduction as well as economic indicators beyond GDP.
5. Incorporating principles of social dialogue to include the voices of the underrepresented. These include workers in affected industries, women, marginalised groups, indigenous people etc.
Such principles are guided by the principles of intersectional climate justice; the understanding that carbon inequalities go hand-in-hand with the inequalities and unbalanced power structures linked to gender, race, age, caste etc. Such principles and recommendations will ensure that we can transition to economies that tackle the climate crisis but also create societies of public abundance, wellbeing and care.
Кој е одговорен за климатската криза? Обелоденување на јаглеродната нееднаквост
Научните докази кои укажуваат на тоа дека климатската криза е резултат на човекова активност и согорување на фосилни горива се бројни и често дискутирани. Од друга страна пак, непријатните дискусии околу тоа кој е во најмногу одговорен за оваа криза, се ретки. Неодамнешен извештај ја разгорува оваа дебата преку дискусијата за „јаглеродната нееднаквост“ од која произлегува дека јаглеродната нееднаквост мора да има централно значење во подготовка на плановите за обновување по КОВИД-19 пандемијата.
„Како што покажува новиот извештај на Оксфам, моменталниот економски модел е овозможувач на катастрофални климатски промени и подеднакво катастрофална нееднаквост. Пандемијата КОВИД-19 обезбедува неоспорен императив за подобро обновување и поставување на глобалната економија на поодржлива, отпорна и поправедна основа. Справувањето со непропорционалните емисии на јаглерод од страна на најбогатите во општеството мора да биде клучен приоритет како дел од оваа колективна обврска.“
Бан Ки-мун, заменик претседател на The Elders, поранешен генерален секретар на Обединетите Нации
Новиот извештај на Оксфам и Институтот за животна средина во Стокхолм (СЕИ) ги истакна неправдите зајакнати со климатската криза во однос на јаглеродната нееднаквост. Помеѓу 1990 и 2015 година, годишните емисии се зголемија за 60% и кумулативните емисии (акумулацијата на емисии испуштени во атмосферата со текот на времето) се дуплираа. Истражувањето покажува како најбогатите поединци на планетата во голема мера биле одговорни за ова и како најсиромашните се оние кои ги трпат најголем дел од последиците. Исто така, се дискутира за врските помеѓу климатските промени, економскиот раст, сиромаштијата и целокупната нееднаквост.
Јаглеродна нееднаквост… броевите
Оксфам и СЕИ се обидоа да откријат кој е најмногу одговорен за климатската криза со припишување на емисиите на јаглерод на групи со различни приходи ширум светот, врз основа на тоа какви добра и услуги консумираат. Тие ги направија своите проценки врз основа на периодот од 1990-2015 година. За да ги разбереме овие бројки, важно е да ги дефинираме следниве два поима:
Кумулативни емисии на јаглерод - акумулација на емисии испуштени во атмосферата со текот на времето.
Глобален јаглероден буџет - максималниот износ на кумулативни емисии што може да се испушти ако сакаме да го одржиме глобалното затоплување под 1.5 степен Целзиусов до 2100-та година. По овој момент, емисиите мора да се сведат на нула.
Најбогатите 10% во светот (околу 630 милиони) беа одговорни за 52% од кумулативните емисии на јаглерод. Ова значи дека тие потрошиле скоро третина од јаглеродниот буџет во таа временска рамка
Најсиромашните луѓе во светот (50% од населението, приближно 3,1 милијарди луѓе) придонеле со само 7% од кумулативните емисии и потрошиле само 4% од јаглеродниот буџет
Ако ги погледнеме најбогатите 1% (63 милиони луѓе), ќе видиме дека тие биле одговорни за 15% од кумулативните емисии и исцршување на 9% од јаглеродниот буџет. Ова значи дека само 1% од глобалното население (најбогатите) има двојно поголем придонес (одговорност) за климатската криза од вкупниот придонес на долната половина - 50% од глобалното население (односно сиромашните во светот)
Најбогатите 5% (315 милиони луѓе) предизвикаа 37% раст на емисиите
Најбогатите 1% имаа тројно поголем износ на раст на емисиите во споредба со најсиромашните 50%
Овие бројки не само што покажуваат диспаритет во распределбата на богатството, туку и на нееднаквостите и одговорноста околу емисиите на јаглерод и климатската криза. Со ова темпо, глобалниот јаглероден буџет (за да останеме под 1.5 степен Целзиусов затоплување) ќе се потроши до 2030 година. Нивото на нееднаквост е толку големо што дури и ако сите ние во светот ги намалиме своите индивидуални емисии на 0, а само најбогатите 10% од населението не го направат тоа, истекот на јаглеродниот буџет ќе се одложи за само неколку години после 2030 година.
Јаглеродната нееднаквост не само што значи дека најбогатите се најодговорни за емисиите на јаглерод, туку исто така и дека посиромашното и маргинализираното население е она кое страда од последиците од климатската криза. И покрај тоа што се најмалку одговорни за оваа криза, тие денес веќе ги чувствуваат тие влијанија (распространети суши, пораст на нивото на морето, намалена безбедност на храна, екстремни временски непогоди). Исто така, треба да бидат земени во предвид и неправдите околу тоа дека идните генерации ќе наследат осиромашен јаглероден буџет и планета опустошена од климатската криза.
Економски раст и сиромаштија
Интересен, иако не изненадувачки, е податокот дека глобалниот Бруто домашен производ (БДП) исто така двојно се зголемил за време на периодот од 1990-2015 година. И покрај ова наводно зголемување на глобалното богатство, многу мал е напредокот кон намалување на бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија (оние кои заработуваат приближно 1,60 € (односно 100 МКД) / ден). Напротив, сведоци сме на зголемување на нееднаквоста во приходите низ целиот свет. Значи, додека БДП двојно се зголеми за 25 години, скоро половина од светската популација заработуваше помалку од 5 евра (300 МКД) на ден.
Справување со јаглеродната нееднаквост
Справување со климатската криза значи драматично намалување на нашите емисии на јаглерод. Но, исто така треба да разбереме дека активностите на една земја или една популација се различни и значително попроблематични од други. Оваа информација дополнително иницира комплексни прашања во врска со разликата помеѓу индивидуалните активности за намалување на индивидуалниот јаглероден отпечаток и потребата за системски промени во начинот на функционирање на нашите економии. За ова ќе пишуваме повеќе во следна статија.
Доколку 10%-те од најбогатото население го намалат својот јаглероден отпечаток до 2030 година (до нивото во согласност со целта за ненадминување на глобалносто затоплување 1.5 степен Целзиусов), годишните глобални емисии ќе се намалат за повеќе од една третина. Ако нивниот јаглероден отпечаток се намали на еднакво ниво со просечниот ЕУ јаглероден отпечаток од околу 8,2 тони годишно, годишните емисии ќе се намалат за повеќе од една четвртина на глобално ниво.
За да го разбереме ова понатаму, да ги погледнеме емисиите од транспортот. Неодамнешна студија покажа дека најбогатите 10% домаќинства на глобално ниво се одговорни за 45% од енергијата поврзана со копнениот транспорт и 75% поврзани со авијацијата. Најсиромашните 50% од глобалното население се одговорни за само 10% од потрошената енергија за копнен транспорт и за само 5% за авијацијата.
Препораки за правилно закрепнување по КОВИД-19
Бидејќи светот се подготвува за неизбежни тешкотии заради пандемијата КОВИД-19, извештајот дискутира и за тоа како треба да ја искористиме оваа можност за да ги реобмислиме и да ги трансформираме нашите економски модели со план за зелено и праведно закрепнување. Врз основа на нивните откритија, Оксфам и СЕИ презентираа сет на препораки кои имаат за цел да ги стават „кризите близначки - климатската и кризата на нееднаквоста, во срцето на напорите за обновување од пандемијата КОВИД-19“. Препораките предвидуваат иднина со поправедни економии кои работат во границите на планетата, правејќи нè поотпорни на шокови како што се оние со кои се соочуваме во моментов. За да се постигне ова, владите низ светот мора да размислуваат во насока на поставување:
1. Данок на богатство и луксуз: вклучувајќи возила со високи емисии (џипови, приватни авиони, суперјахти и сл.); чести летови, патувања во деловна класа итн. Таквото оданочување може само од себе да финансира соодветни, универзални социјални услуги
2. Јавни инвестиции во:
Работа: Пристојни работни места, зголемен баланс помеѓу работата и живеењето и генерално намалување на работењето;
Транспортна инфраструктура. Како што се електрична мобилност, јавен превоз, возење велосипед итн. Но, исто така, подобрување на дигиталните комуникации за да се намали притисокот од интензивниот транспорт;
Здравство и социјална грижа што е особено важно за жените, групите со ниски примања и маргинализираните групи.
3. Отчетност на приватниот сектор: забрана за рекламирање на јавни простори, повеќе циркуларни деловни модели, нагласување на правото за поправка на производи, справување со корпоративниот „краток рок“ и зајакнување на одговорноста за долгорочните социјални влијанија и влијанијата врз животната средина.
4. Политики засновани на научни докази и општествена рамноправност околу намалувањето на јаглеродните емисии, како и креирање на економските индикатори кои се далеку пореални од БДП.
5. Вклучување на принципи на социјален дијалог за вклучување на гласовите на недоволно застапените групи на луѓе и заедници; вклучително и работници од погодените индустрии (фосилната), жени, маргинализирани групи, домородно и локално население итн.
Овие принципи се водени од принципите на интерсекционална климатска правда; разбирање дека јаглеродните нееднаквости одат заедно со нееднаквостите и неизбалансираните структури на моќ поврзани со полот, расата, возраста, класата итн. Ваквите принципи и препораки обезбедуваат можност за транзиција во економии кои ќе се справуваат со климатската криза, но исто така ќе создаваат и општества на јавни изобилство, колективна благосостојба и меѓусебна грижа.
コメント